Зонта Клуб Скопје ви нуди карта за Женскиот Автобус
Девојки,
Ајде да си признаеме...презафатени сме! Преморени. Малку ни се 24 саати.
Колку пати сте помислиле дека сакате да избегате некаде...барем на кратко.
Ви треба време само за себе.
Ви треба дружба. Ви треба женска дружба.
Дозволете си малку слобода од секојдневните стресни ситуации, од
обврските, од работата. Заменете ги проблемите со малку забава. Кога сме
релаксирани полесно се стигнува до решение. Одлагањето не ги решава
проблемите, но убавиот збор и искрениот приод помагаат. Нашата група е
едно од решенијата!
Излезете од дома!
Ни треба “бегство” од секојдневието, па макар и на ден, два.
Мажите го
имаат ова сфатено, а нам, жените, потешко ни оди да го прифатиме овој
факт. И, да бидеме искрени, женската забава, и машката забава, се две
сосем различни работи!
