За почеток, за запознавање, опуштање, релаксација и дружба, нашето прво патување е поврзано со ВИНОТО.

Женско саботно ДРУЖЕЊЕ, многу смеа, одбрано вино, одлична храна и многу муабет за НАС САМИТЕ!

Со себе понесете ја само својата насмевка, желбите и авантуристичкиот дух. Ние ќе се погрижиме да се вратите весели и позитивни.

Домот нема да отиде никаде, но ние заминуваме.

Се гледаме во сабота, на 26 ноември 2011.

Цена: 1850 мкд.
Цената вклучува: превоз со Женскиот Автобус, дегустација на 7 сорти вино, ручек, и изненадувања.

Бројот на места е ограничен.