Денот на Мрмотот
Понекогаш животот ни изгледа како да сме се нашле во филмот – Денот на мрмотот. Се сеќавате?
Секој ден исто, будење, кафе,
работа, маркет, дома, …..кафе, пријатели, ТВ. . .и се така. Понекогаш
сакам да викнам СТОП….а што е поентата? Која е суштината на животот?
Која е поуката од целава приказна?
Сите се чувствуваме така.
Треба да направиме напор да го
зумираме нашиот живот, а потоа да излеземе од него, и да се обидеме да
го посматраме однадвор. Да направиме една микроинспекција, а потоа да ја
погледнеме целата слика.
Животот се претвора во рутина.
Повторувањето на секојдневието не затвора. Но, животот од нас бара
одредени повторувања за да може да живееме.
Ајде да се разбудиме. Ајде да
го живееме животот. Да ги осетиме малите моменти во текот на денот за
кои што всушност живееме (како, на пример, кога ќе му ја помирисам
косата на моето дете кога ме прегрнува). Тогаш микрозумирам. Затоа што,
ако останам некаде подалеку, ќе ми избега целата поента. Знам дека има
денови во кои сум само автоматски пилот. Едноставно одам низ движењата,
Не е се така сиво. Само треба да
вежбаме како да ги препознаваме боите. Тие моменти всушност го прават
нашето виножито кое може силно да свети во нас самите. Тоа ја оправдува
целта на постоењето. На крајот на краиштата, сите ние во текот на денот
често пати менуваме брзина. А кој би сакал да остане заглавен помеѓу
сите “морам да. . . “ во животот? Можеби тие “морам да…. “ се школо што не тестира и не учи.
Само треба да си го поврземе умот со физичките движења.